Дома Фудбал Ван Дајк со позитивни вести за новиот договор

Ван Дајк со позитивни вести за новиот договор

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, за првпат објави дека има напредок во неговите преговори со клубот за евентуален нов договор. Сегашниот договор истекува летово, а Холанѓанецот е еден од тројцата клучни играчи на ‘Црвените’ кои се во слична ситуација.

Мохамед Салах исто така води разговори за нов договор, додека според англиските и шпанските медиуми, Трент Александер-Арнолд веќе е сигурно ново засилување на Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Да, има напредок. Не знам дали ќе останам, ќе видиме. Се водат внатрешни дискусии. Ќе видиме. Јас го сакам клубот, го сакам Ливерпул и навивачите. Тие повторно беа тука за нас и ние сакавме да им возвратиме. Сакам повторно да бидат со нас на следниот натпревар во недела и да го претворат нашиот стадион повторно во едно исклучително место“, изјави Ван Дајк.

Ван Дајк, кој моментално е на 33 години, беше донесен од Саутемптон за 75 милиони фунти во 2018 година. Досега има 323 натпревари и 26 голови за тимот на ‘Црвените’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал по 16 години во полуфинале

Тимот на Арсенал го победи Реал Мадрид со 2:1 во реванш натпреварот од 1/4-финалето во Лиг…