Дома Останати Тенис ВАДА ќе ги менува правилата за допинг поради Синер и Швјонтек

ВАДА ќе ги менува правилата за допинг поради Синер и Швјонтек

Светската антидопинг агенција (ВАДА) донесе одлука да ги промени правилата за тестирање на тенисерите, а иновациите што треба да стапат на сила во 2027 година можат да предизвикаат многу прашања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донесувањето на новите правила следеше по допинг скандалите со Јаник Синер и Ига Швјонтек.

Еве кои се новостите:

Наместо контаминиран производ, се преминува на изворот на контаминација кој ќе биде обележан како непредвидлив извор на забранета супстанција.

Може да постои внес на забранети супстанци на најминималното пријавено ниво. Односно, ќе се постави минимум и граница што ќе значи дека сè под тоа нема да биде позитивен допинг тест.

Овие две новости значат дека тенисерите кои не учествувале во самиот допинг, а за тоа е виновен некој од членовите на тимот, како кај Синер и Швјонтек, ќе можат да се одбранат или ќе бидат казнети најмногу до две години во зависност од степенот на допинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…