Дома Останати Тенис Ига Швјонтек со пофалби за Ѓоковиќ: “Тој е најдобриот на сите времиња”

Ига Швјонтек со пофалби за Ѓоковиќ: “Тој е најдобриот на сите времиња”

Полската тенисерка Ига Швјонтек продолжува да се бори за враќање на врвот на WTA листата, каде што некогаш беше на првото место. Моментално е на деветтата позиција и се надева дека ќе успее да се квалификува за Завршниот турнир на крајот од сезоната.

Во Пекинг, Швјонтек ја победи Американката со српско потекло, Ива Јовиќ, во осминафиналето. По натпреварот, таа изрази големи пофалби за Новак Ѓоковиќ, со кого неодамна имаше тренинг сесија. Ѓоковиќ и помогнал на Швјонтек со нејзиниот ритерн, еден од неговите најсилни удари.

“Мој Боже, да. Тој е најдобриот на сите времиња (GOAT), и она што го покажува од сезона во сезона е неверојатна константност. Неговите резултати се надчовечки, но тој покажува дека е можно да се постигне такво нешто. Тој е навистина неверојатен, толку одлучен и мотивиран“, изјави Швјонтек.

Таа додаде дека Ѓоковиќ е пример за сите и дека би сакала да има повеќе време да учи од него, особено за ритернот. “Сè што кажува е одлично, бидејќи е многу отворен. Ова не беше прв пат да го прашам нешто, и секогаш имаше нешто паметно да каже. Навистина го ценам тоа што сака да помогне на другите играчи да напредуваат. Тој е одлична личност и многу ми е драго поради тоа“, заврши Швјонтек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Јаник Синер потпиша договор вреден милиони долари

Иако Јаник Синер не учествуваше на турнирот во Пекинг, неговиот менаџмент обезбеди значите…