
Украинскиот боксер Александар Усик ќе ја брани титулата на светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ против Рико Верхувен, а мечот ќе се одржи на една од најпознатите локации на планетата – пред пирамидите во Гиза.
Оваа вест вечерва ја потврдија Турки Алашик и Ring Magazine, најавувајќи дека борбата за ВБЦ-појасот ќе се одржи на 23 мај.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Спектаклот го носи називот „Слава на Гиза: Непоразени Икони“ и ги обединува двајцата борци кои со години не знаат што значи пораз во нивните спортови.
Непоразениот украински боксер ќе се соочи со Верхувен, кој повеќе од деценија доминирал во кикбоксингот.
Холанѓанецот настапуваше во тешка категорија на организацијата „Глори“ каде што стана најдолговечниот шампион во историјата.
Официјално ја напушти титулата во ноември 2025 година, а последниот меч го одигра во јуни минатата година, победувајќи го Артем Вахитов со едногласна одлука на судиите.