
Поранешниот првак на УФЦ во средна категорија, Шон Стрикланд, не му беше дозволено да присуствува на вчерашниот настан УФЦ 323 во Лас Вегас. Како што самиот тврди, раководителите на организацијата дури му се закануваа со затвор ако се појави. Контроверзниот борец ги сподели своите фрустрации во серија објави на социјалните мрежи што ги избриша подоцна, пишува Bloody Elbow.
Стрикланд, кој живее и тренира во Лас Вегас, планирал да го поддржи својот тимски колега од салата Xtreme Couture, Мансуру Абдул-Малик. Сепак, борецот е под шестмесечна суспензија што ја доби поради инцидент во јуни кога бил во улога на тренер, поради што му е оневозможен пристапот во салата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во серија избришани објави, Стрикланд откри што се случувало зад сцената. “Па… сакав да одам да ја гледам екипата како се бори вечерва,” напиша Стрикланд. “Но, шефовите на УФЦ, лично ми се јавија да ми кажат дека сум суспендиран и дека не можам да дојдам… ха-ха.”
Подоцна додаде дека имаше разговори со еден од раководителите на UFC кои вклучуваа пораки како “Шон, можеби ќе те стават во затвор”, “Шон, никогаш нема да ти кажам што да кажеш, но тоа не би го препорачал” и “Шон, треба да го избришеш тоа, но не мораш”.
.Sean Strickland штотуку влезе во кафезот на Tuff-n-Uff и удри некого откако го победи неговиот тимски колега 😳
— Championship Rounds (@ChampRDS) June 29, 2025
(h/t @AlexBehunin) pic.twitter.com/MSlAKCCRsG