Дома Фудбал Тренерот на Вест Хем за тешката сообраќајна несреќа на напаѓачот: Среќни сме што е жив

Тренерот на Вест Хем за тешката сообраќајна несреќа на напаѓачот: Среќни сме што е жив

Тренерот на Вест Хем, Хулен Лопетеги, чиј тим се наоѓа на 14. место во англиското првенство, синоќешната победа му ја посвети на Антонио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаме многу причини зошто мораме да победуваме, но оваа е посебна. Тоа беше уште една голема причина, па победата му ја посветувам на Мичу“, изјави Лопетеги.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на несреќата, а објавија и неколку англиски медиуми на кои се гледа уништеното Ферари.

Дејли Мејл пишува дека тој во болница закрепнува од неколку операции, меѓу кои и скршеница на ногата. И покрај тешките повреди, Лопетеги изјави дека Антонио по долго опоравување повторно треба да игра фудбал.

“За среќа, ќе може да се врати. Среќни сме што е жив. Тоа беше страшна глетка.”, изјави шпанскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел пред натпреварот со Мексико доби прашање за – вијагра!

Селекторот на Англија, Томас Тухел, со насмевка се соочи со прашањето дали неговиот тим уп…