Дома Фудбал Тренерот на Тотенхем во одбрана на Ван де Вен: За жал, тоа беше несреќен момент за Исак

Тренерот на Тотенхем во одбрана на Ван де Вен: За жал, тоа беше несреќен момент за Исак

Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, застана во одбрана на својот играч Мики ван де Вен, откако менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го обвини дека со невнимателен старт му ја скрши ногата на Александар Исак. “Очигледно не се согласувам, зборуваме за дефанзивец кој ќе направи сè за да спречи гол. Топката му излета настрана и тој се обидуваше максимално да го блокира ударот,” изјави Франк пред новинарите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“За жал, Исак стави нога право,” додаде тој. Напаѓачот на Ливерпул ќе биде отсутен од терените неколку месеци поради фрактурата. Франк откри дека играчите разговарале меѓусебно. “Знам исто така дека тие двајца играчи го решиле нивното недоразбирање, што е добар знак,” истакна тренерот на лондонскиот тим.

На дуелот против Тотенхем, навивачите на Ливерпул доживеаја вистински емотивен шок. Нивната најскапа аквизиција, Исак, постигна гол по асистенција на Флориан Вирц, но радоста беше краткотрајна. Шведскиот напаѓач, кој ова лето пристигна на Енфилд за рекордни 150 милиони евра, остана легнат на тревата со сериозна повреда, додека Ван де Вен не доби дури ни жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најемотивната приказна од Светското првенство: Солзи на теренот, поглед кон небото и гол кој му го посвети на својот најголем заштитник /ВИДЕО/

Мексико ја отвори својата кампања на Светското првенство со победа против Јужна Африка (2:…