Денес во Охрид се одржа традиционалниот охридски маратон на кој победи Италијанецот Алесио Очипинти. Очипинти беше најбрз на патеката долга 25 километри од „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид. Очипинати победи со време од четири часа, 53 минути и 14 секунди. Од почетокот до крајот Италијанецот беше лидер и не дозволи никакво изненадување. Зад него заврши Аргентинецот Матијас Дијаз, …
