Дома Останати Тенис Ѓоковиќ е тенисерот со најголема заработка во 2023 година

Ѓоковиќ е тенисерот со најголема заработка во 2023 година

Новак Ѓоковиќ во 2023 година заработил 38.4 милиони долари и официјално е со најголема заработка помеѓу тенисерите и тенисерките, објави телевизијата „Еуроспорт“ на својот официјален сајт.

Според „Еуроспорт“ Ѓоковиќ од турнирите и спонзорските договори во 2023 година вкупно заработил 38.4 милиони долари. Зад себе Ѓоковиќ го остави освојувачот на Вимблдон, Шпанецот, Карлос Алкараз со 31.4 милиони долари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помеѓу тенисерките најмногу заработила Ига Швјонтек, таа е трета на вкупната ранг листа со 22.4 милиони долари. Русинот Данил Медведев е на четвртата позиција со 20.1 милион долари, додека Шпанецот, Рафаел Надал е на петтата позиција со 15.5 милиони долари.

Во топ десет се уште: Ема Радукану (15.3 милиони долари), Коко Гоф (15.2 милиони долари), Каспер Руд (14.4 милиони долари), Наоми Осака (12.1 милион долари) и Џесика Пегула (10.9 милиони долари).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…