Дома Фудбал Одржан таен состанок на Левандовски со новиот клуб, Лапорта веќе го дознал тоа

Одржан таен состанок на Левандовски со новиот клуб, Лапорта веќе го дознал тоа

Додека сезоната полека се приближува до клучниот период, големата ѕвезда на Барселона, Роберт Левандовски (37), се најде во центарот на нова трансфер сага.

Според извештаите на германскиот Bild, полскиот голгетер и неговиот агент Пини Захави наводно одржале таен состанок со претставници на МЛС-клубот Чикаго Фаер во Барселона, кратко пред празниците.

Овој состанок не беше објавен јавно, но „Билд“ тврди дека бил одржан со намера да се разгледаат опциите на Левандовски во американската лига, која во последно време привлекува сè повеќе европски ѕвезди.

Според истите извори, присутни биле луѓе од Чикаго Фаер, а темата на разговор била потенцијалниот трансфер по истекот на договорот со Барселона.

Актуелниот договор на Левандовски со Барселона го поврзува до 30 јуни 2026 година, што значи дека од почетокот на јануари станува слободен да преговара со други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се приближува до Волтемаде

Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде. Според италијанскит…