Динамо Загреб летово е најуспешниот хрватски клуб кога станува збор за трансфер пазарот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Модрите“ заработиле над 40 милиони евра, а на повидок е и нов трансфер кој ќе донесе и поголема заработка. Последен кој заминува од Динамо е Бруно Петковиќ, турските медиуми пишуваат дека се е договорено тој да стане нов фудбалер на Трабзонспор.
Двата клуба долго време преговараа, а на крајот успеале да пронајдат заеднички јазик. Од Динамо летово Шутало си замина за 20 милиони евра во Ајакс, Ливаковиќ во Фенербахче за 6.6 милиони евра, Иванушевиќ во Фејенорд за девет милиони евра.
Треба да се напомене дека во овие суми не се пресметани бонусите.