Дома Македонски спорт Гого по шампионскиот појас: Радувајте се Македонци – Македонија е мала држава, но земја на шампиони!

Гого по шампионскиот појас: Радувајте се Македонци – Македонија е мала држава, но земја на шампиони!

Горјан Славевски стана нов светски шампион во велтер категорија во борба со голи раце откако изминатата ноќ во Мајами го совлада Џејк Лидзи со едногласна одлука на судиите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Славевски е дете од скопскиот асфалт и наслебата Ѓорче Петров, а изминатата деценија се пробива во САД во боксот без ракавици. Сега е на врвот со шест победи во исто толку мечеви.

„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, порача Славевски по големата победа.

На врвот македонскиот воин го наследува Луис Паломино кој се откажа од шампионскиот појас во оваа категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…