Дома Фудбал Англија Нов рекорд во Премиер лигата, потрошени 2 милијарди на трансфери

Нов рекорд во Премиер лигата, потрошени 2 милијарди на трансфери

Иако клубовите од Саудиска Арабија направија „бум“ во летниот преоден рок, сепак Премиер лигата и понатаму го држи приматот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Премиер лигата со години наназад е најбогата лига на светот и англиските клубови трошат најмногу пари на трансфер пазарот, па така е и оваа година.

Анализата на финансиската куќа „Делоит“ покажува дека досега се потрошени 1.95 милијарди фунти на фудбалери, со што е срушен рекордот во Премиер лигата од минатата сезона.

Првпат има два трансфери над 100 милиони фунти – Моисес Каиседо од Челси во Брајтон и Деклан Рајс од Вест хем во Арсенал.

Манчестер Сити го купија Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Жереми Доку, Манчестер Јунајтед ги купија Мејсон Маунт, Расмус Хојлунд и Андре Онана.

Другите лиги се далеку од овие бројки, па од година во година се повеќе се зголемува јазот помеѓу Премиер лигата и останатите лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …