
Рома презема одлучни чекори на трансферниот пазар и е близу до финализирање на ангажманот на Џакомо Распадори, чиишто улога во Атлетико Мадрид се станува сѐ попериферна по неговиот летен трансфер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот кој ја освои втората шампионска титула со Наполи се соочува со тешкотии да обезбеди место во тимот на Диего Симеоне и сега гледа нова можност за оживување на кариерата во италијанската престолнина. Доколку во следните часови не се појават непредвидени пречки, трансакцијата може да се смета за практично завршена.
Формулата на договорот е позајмица со право на откупување. Рома веднаш ќе плати 2 милиони евра во касата на „лос колчонерос“, а опцијата за откуп е фиксирана на 19 милиони евра. Оваа опција може да стане обврзувачка по исполнување на одредени услови.
Согласноста на самиот фудбалер веќе е добиена, што го забрзува процесот и ја прави сосема реална можноста тој наскоро да му биде на располагање на тренерот на “џалоросите” Џан Пиеро Гасперини.