Дома Фудбал Ливерпул може да добие засилување од 50 милиони евра!

Ливерпул може да добие засилување од 50 милиони евра!

Младиот дефанзивец на белгискиот Клуб Бриж, 21-годишниот Џоел Ордоњез, според пишувањата на британските медиуми, треба да потпише договор со Ливерпул во јануари, а вредноста на трансферот се проценува на околу 50 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ордоњез е стандарден член на првата постава на тимот од Бриж, кој го предводи хрватскиот тренер Иван Леко. За услугите на овој еквадорски репрезентативец, интерес покажа и Челси, но лондонскиот клуб на крајот се повлече од трката за неговиот потпис.

Фудбалската кариера Ордоњез ја започна во еквадорскиот Индепендиенте, а во Клуб Бриж пристигна во 2022 година за обештетување од четири милиони евра.

На почетокот играше за втората екипа на белгискиот клуб во втората лига, но благодарение на добрите игри брзо го обезбеди своето место во првиот тим, и сега е на прагот на изненадувачки трансфер на Енфилд.

Покрај на позицијата на дефанзивец, може да игра и како десен бек, а досега има 14 настапи за репрезентацијата на Еквадор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит снимка: Погледнете како реагираше Нејмар кога дозна дека оди на Мундијалот (Видео)

Видеото од емотивната реакција на 34-годишниот Нејмар, откако дозна дека повторно е вклуче…