Аргентинецот Лаутаро Мартинез е вистинско изненадување во досегашниот дел од сезоната, со одличните игри во Интер го привлече вниманието на многу европски гиганти. 22-годишен напаѓач сезонава на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 голови и имаше три асистенции. Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона сака да го донесе Лаутаро Мартинез во своите редови, а неодамна каталонскиот гигант го потврди интересот. …