Аргентинецот Лаутаро Мартинез е вистинско изненадување во досегашниот дел од сезоната, со одличните игри во Интер го привлече вниманието на многу европски гиганти.
22-годишен напаѓач сезонава на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 голови и имаше три асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона сака да го донесе Лаутаро Мартинез во своите редови, а неодамна каталонскиот гигант го потврди интересот.
Барселона во Лаутаро гледа идеална замена за Луис Суарез. Уругваецот наскоро ќе наполни 33 години, па јасно е дека неговата авантура на „Камп Ноу“ е при крај.
Барселона најпрво ќе испрати понуда до Интер во која освен пари ќе биде вклучен и Ракитиќ или Видал, а доколку „нероаѕуруте“ ја одбијат таа понудат тогаш Каталонците ќе ја актувираат откупната клаузула од 111 милиони евра.