Дома Македонски спорт Мак ракомет Столе денес откри лоши вести: Вардар без Дисингер 4-5 месеци!

Столе денес откри лоши вести: Вардар без Дисингер 4-5 месеци!

Денес во спортскиот центар „Јане Сандански“ прес-конференција одржаа тренерот Едуард Кокшаров и капитенот Стојанче Стоилов.

На оваа прес-конферецнија капитенот Стоилов откри нови лоши вести кога во прашање се повредите.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Стоилов откри дека Дисингер бил вчера опериран и поради тоа го чека долга пауза. Станува збор за слична повреда каква што имаше Стоилов и поради која беше опериран во јуни.

Кокшаров и Стоилов потврдија дека Дисингер нема да се врати пред порано од четири-пет месеци.

Германецот оваа сезона веќе пропушти неколку натпревари, меѓутоа сега е одлучено да оди операција и да се врати кога ќе биде целосно здрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…