Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.
Санчо има проблем со дисциплината, клубот му забрани да дава изјави, а на последниот меч против Барселона беше на клупата за резерви.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Милионериоте“ веќе два пати го казнија младиот фудбалер, па Санчо е во конфликт со раководството и може самиот да побара трансфер уште во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми тврдат дека Санчо веќе донел одлука да се врати во Англија, а „милионерите“ веќе се помириле со тоа, но за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за неговиот потпис, англиските клубови се спремни да ја платат сумата која ја бара Борусија Дортмунд.
Јунајтед и Ливерпул се спремни да понудат 120 милиони евра, па доколку се оствари трансферот, Санчо ќе стане најскап „јануарски“ трансфер во историјата.
Кутињо пред две години беше платен нешто помалку од 120 милиони евра, но со серија на додатни бонуси.