Јавноста беше изненадена кога неодамна Шпанија одлучи да го отпушти Роберто Морено од селекторската позиција и на клупата да го врати Луси Енрике.
Ако тоа беше изненадување, подоцна уште поголемо изненадување беше тоа што Морено не остана ниту во стручниот штаб на Енрике.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Енрике пред неколку дена јавно зборуваше за нивниот однос.
„Одлуката тој да не биде во мојот тим е само моја. Едноставно не беше лојален, ми кажа дека ќе биде селектор до ЕП, а потоа ќе се врати како мој помошник. Не ми се потребни луѓе како него во мојот стручен штаб. Не е добро да си премногу амбициозен“, изјави Енрике.
Морено во прв момент кога ја напушташе клупата не сакаше да го нападне Енрике, но сега после оваа изјавата на својот поранешен соработник одлучи да му одговори.
„Ако јас не бев верен, тој никогаш немаше да биде тренер. Пред нашиот состанок на кој се договоривме дека ќе замине поради семејната трагедија, а потоа ќе се врати Енрике и јас се сретнавме уште еднаш. Тогаш ми порача дека е горд на мене што прифатив да го заменам и така да му помгонам во тешките моменти“.
„Кога ме изостави од репрезентацијата бев во шок, посебно поради фактот што сите знаеа што се случува. Десет дена бев скршен, бидејќи не ми беше јасно каде погрешив. Енрике не сакаше ништо да објасни. Најмногу од сите сакав да го видам на тренинг и да бидам дел од неговиот стручен штаб на Европското првенство. Веројатно никогаш нема да дознаам зошто сето ова се случи“, порача Морено.