
Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни го прокоментира укинувањето на суспензијата на американскиот фудбалер Фоларин Балогун, кој доби црвен картон на натпреварот во осминафиналето на Светското првенство против Босна и Херцеговина.
“Пред Европското првенство во 2012 година добив суспензија од три натпревари, што значеше дека ќе ја пропуштам целата групна фаза. Тогаш буквално ми рекоа: ‘Ако одиш во Швајцарија и направиш тренинг со група деца, ќе ти ја укинеме третата суспензија.’ Не се согласував со ова, но прифатив, бидејќи не сакав суспензија од три натпревари. И покрај тоа, сметав дека ова е неправилно”, изјави Руни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Потоа се осврна директно на најновата одлука на ФИФА.
🚨🗣️ Wayne Rooney on Balogun getting his suspension lifted:
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 6, 2026
“I got a three-game ban before Euro 2012 so I was due to miss the three group games and basically got told if I go over to Switzerland and do a training session with a bunch of kids, the third game gets taken off.… pic.twitter.com/UQ7GeY6BEj
“А овака да се услови суспензијата? Или поништете го црвениот картон, што можеби и е правилната одлука, па играчот да може да игра, или оставете ја казната како што е. Меѓутоа, одложувањето на казната за една година е тотална срамота. Инфантино треба да се засрами од ова, затоа што сметам дека со ова се нарушува спортскиот дух на играта”, порача Руни и додаде:
“Да бев на местото на противниците на Соединетите Американски Држави, ќе бев апсолутно гневен. Мислам дека ова е погрешно во секој аспект. Ова е чиста срамота.”
Само да потсетиме, вечерва во 2:00 часот по полноќ, Америка ќе игра во осминафиналниот натпревар против Белгија, а селекторот на САД, по одлуката на ФИФА, ќе може да смета на Балогун.