Франческо Тоти се потсети на времето кога можел да се пресели во Реал Мадрид.
Во Реал прво дојде Луис Фиго од Барселона во 2000 година, наредното лето му се придружи Зидан од Јувентус, по Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја потпиша Бразилецот Роналдо, кога се скара со Фергусон стигна и Бекам од Јунајтед, а претходно Реал во тимот веќе имаше асови како Карлос, Раул…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Флорентино Перез сакал уште. Целото внимание тој го насочил кон Франческо Тоти со кој сметал дека екипата ќе ја направи уште посилна. Меѓутоа не му успеало, иако принцот на Рим призна дека серизоно размислувал. Тоти призна и дека шансите тогаш да ја напушти Рома и да премине во Реал биле дури 80%.
„Да кажеме дека имав намера да ја напуштам Рома, шансите да заминам од клубот беа дури 80%“.
Што се случило?
„Римјаните во 2004 година не беа на најдобро ниво, иако претседателот Франко Сенси правеше се за да ме задржи. Флорентино беше спремен да плати многу, се правеше за да ме доведе во Мадрид. Можев да барам се освен „десетката“ кој ја носеше Луис Фиго и капитенската лента, бидејќи беше резервирана за Раул. Во прашање беше фудбалер со најголеми примања во соблекувалната, ја носеше капитенската лента и претставуваше симбол на клубот и секој кој во тој момент доаѓаше на „Бернабеу“ мораше да биде платен помалку“.
Поволна околност за Реал во преговорите со Тоти беше што не мораше да плати ниту цент оштета на Рома.
„На крајот на сезоната 2003/2004 му истече договорот со Рома. Постоеа несогласувања со претедателот. Не беше баш дека јас го одбив Реал, скоро се согласив да преминам. Сопругата Илари ме охрабруваше и ми кажуваше дека е спремна се да остави и да ме поддржи во одлуката да потпишам за Реал“.
Тогаш работите се промениле.
„Одлуката да останам во Рома ја донесов од срце. Мислев на навивачите, семејството и пријателите. Сакав да направам нешто поразлично од она што фудбалерите генерално го прават. Многу одат во Реал, Барселона, Баерн…Јас сум поинаков, цело време носев еден дрес“, раскажа Тоти.