
Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарниот натпревар во Скопје.
Клучниот функционер на Црвена Ѕвезда упати зборови на поддршка на македонскиот народ:
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Горди сме за тоа што Црвена Ѕвезда успеа да помогне на братска Македонија во тежок момент по големата трагедија. Особено ни е драго што стадионот беше одлично исполнет, што навивачите имаа прилика да ја гледаат Ѕвезда во живо и што заедно успеавме да собереме хуманитарна помош за семејствата на настраданите од Кочани.“
На полувремето дефилираа легендите на Црвена Ѕвезда и Вардар, беа тука Владимир Петровиќ Пижон, Бошко Ѓуровски, Илија Најдоски…
„Црвена Ѕвезда има големо име и многу навивачи во Северна Македонија, а тоа најдобро се виде во атмосферата на стадионот како и срдачната реакција на публиката кога на теренот излегоа ветераните на Црвена Ѕвезда и Вардар.“