Дома Фудбал Останато Телоохранителот на Мекгрегор обвинет за сериозен случај на корупција

Телоохранителот на Мекгрегор обвинет за сериозен случај на корупција

Чарли Ворд, поранешен член на УФЦ и долгогодишен соработник на Конор Мекгрегор, моментално е предмет на кривичен процес поради сомневања за корупција, објавија ирските медиуми како што е Роскомон Хералд. Според информациите од судските документи, 44-годишниот Ворд и 57-годишен Ноел Керол се осомничени дека се обиделе да поткупат член на ирската полиција (Гарда) за да добијат заштитени информации за едно лице.

Наводно, овие настани биле евидентирани на 2 март 2022 година, додека против Ворд е поднесено и дополнително обвинение за обид за слично дело на 28 февруари. Керол, според обвинението, истото го направил на 26 јануари истата година. Двајцата беа ослободени со паричен депозит и во петок се појавија пред Окружниот суд во Даблин, каде што сè уште не го изнеле својот став за вината.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ворд исто така е обвинет дека „помагал, поттикнувал или овозможувал извршување на кривично дело,“ со што му се додава поширока одговорност во наводната коруптивна активност. Иако неговата професионална ММА кариера му донесе 10 победи и 7 порази, Ворд е најпознат во јавноста по неговата блиска врска со Конор Мекгрегор, кому му бил близок соработник и телохранител.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mejведер се пофали со милионска добива во обложувалница (Фото)

Мексиканецот Саул Канело Алварез (34) го победи Вилијам Скул во саудискиот Ријад со едногл…