Островските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе се ослободи од дури девет фудбалери.
Клубот одлучи да го остави Тен Хаг на клупата, но ќе направи промени во играчкиот кадар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најавите се дека холандскиот стратег за „вишок“ во тимот ги смета: Мејсон Гринвуд, Џејдон Санчо, Арон ван Бисака, Виктор Линделоф, Касемиро, Ханибал Меџбри, Дони ван де Бек, Факундо Пелистри и Кристијан Ериксен.
Останува да видиме во наредниот период со колку од нив ќе успеат да се разделат.
Коментари