Шпанскиот фудбалер Андер Ерера веројатно ја игра својата последна сезона во Манчестер Јунајтед, а можно е да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ пред четири години од Атлетик Билбао за 33 милиони фунти како големо засилување. Овој 29-годишен играч за врска до сега за „црвените ѓаволи“ одигра 166 натпревари на кои постигна 17 гола. …