Дома Фудбал Строги мерки во Манчестер Јунајтед: Оваа година нема никакви забави!

Строги мерки во Манчестер Јунајтед: Оваа година нема никакви забави!

Манчестер Јунајтед оваа сезона игра навистина слабо, ситуацијата во овој момент малку се смири, но јасно е дека се далеку од посакуваната позиција на табелата.

Тимот на Мурињо иако изминаа само 10 кола изгледа скоро и да нема шанси за освојување на титулата на која чека веќе шест години.

Проблемите во внатрешноста на тимот на реалција, тренер-играч беа честа појава. Токму поради ваквата ситуација Манчестер Јунајтед ќе остане без традиционалната божиќна забава.

„Не се планираат никакви забави оваа година. Тоа јасно покажува дека екипата нема лидер бидејќи никој не истапил пред играчите за фудбалерите на крајот сепак да добијат некое дружење“, изјавил извор од клубот за „Сан“.

Јунајтед во овој момент се наоѓа на осмата позиција во Премиер лигата со 17 бодови во 10 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…