Дома Трансфер зона Мурињо следи двајца играчи на Спартак Москва

Мурињо следи двајца играчи на Спартак Москва

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за двајца таленти на Спартак Москва, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Спорт-Експрес“ откри дека вчера на трибините на „Казан Арена“ имало скаути на „црвените ѓаволи“ кој ги следел Александар Максименко и Михаил Игнатов на натпреварот против Рубин.

20-годишниот Максименко важи за еден од најталентираните голмани во Европа и играше на сите 12 меча за Спартак сезонава на кои прими 11 гола.

На „Олд Трафорд“ следат неколку голмани, меѓу кои и Максименко, со оглед на фактот што е неизвесна иднината на Де Геа.

Игнатов има 18 години и оваа сезона дебитираше за првиот тим на Спартак. Станува збор за играч за врска кој има 4 настапи и еден гол сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…