Италијанскиот стратег Антонио Конте силно беше поврзуван со тренерското столче во Реал Мадрид, но двете страни не успеаа да се договорат за соработка.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Конте реши да го одбие „кралскиот“ клуб бидејќи смета дека сега не е вистиснко време за преземање на тимот, но англиските медиуми тврдат дека причината е и Манчестер Јунајтед.
Имено, Италијанецот внимателно ја следи ситуацијата на „Олд Трафорд“ и би сакал да го наследи Мурињо, чија позиција во клубот е разнишана.
Најголемата желба на Конте е да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед бидејќи смета дека има тим скроен по негова мерка со играчи кои ги обожава како Погба, Санчез, Лукаку и Андер Ерера.
„Има многу шпекулации околу неговата иднина, Реал Мадрид е големо искушение, но Манчестер Јунајтед е тимот кој најмногу му се допаѓа. Во моментов ништо не е решено со Реал Мадрид“, изјави за „Скај Спорт“ извор близок до Конте
https://youtu.be/-raasQ0bpU8