Тензиите помеѓу Жозе Мурињо и потпретседателот на Манчестер Јунајтед Ед Вудворд повторно се зголемуваат, тврдат англиските медиуми.
Португалецот бил бесен кога разбрал дека Вудворд го одложил состанокот на кој требало да бидат разгледани плановите за зимскиот трансфер прозорец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во текот на летото Мурињо силно посакуваше да биде купен врвен дефанзивец, но клубот не му ја исполни желбата, што предизвика силни тензии помеѓу него и раководството.
Медиумите на Островот тврдат дека приоритет во зимскиот преоден рок повторно ќе бидат Алдервајлед од Тотенхем и Хари Мекгваер од Лестер, како и Никола Миленковиќ кој игра одлично во дресот на Фиорентина.
Man United boss Jose Mourinho fuming with Ed Woodward after chief cancels January transfer target meeting at last-minute https://t.co/DTvq17s3AU pic.twitter.com/DG4LlSXC3I
— The Sun – Man Utd (@SunManUtd) October 30, 2018