Дома Фудбал Еден гол сè смени: Флик реагираше и спречи трансфер на еден од фудбалерите

Еден гол сè смени: Флик реагираше и спречи трансфер на еден од фудбалерите

Ситуацијата во Барселона околу зимскиот трансфер период се менува од ден на ден бидејќи Каталонците повторно ја променија одлуката која ја донесоа.

Барселона пред два дена одигра спектакуларен натпревар во Лисабон каде што по голем пресврт успеа да ја победи Бенфика со 5:4 и да обезбеди позиција што го води директно во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иако Каталонците не блескаа во одбраната, на крајот успеаја да дојдат до три бодови, што никој не го очекуваше, а херој беше Рафиња кој во последните секунди постигна гол за победа.

Сепак, се истакна и резервистот Ерик Гарсија кој доби шанса во второто полувреме, а токму тој постигна одличен гол со глава за 4:4 по асистенција на Педри.

Флик успеа да го убеди Гарсија да остане и му даде ветување дека ќе игра повеќе во продолжението на сезоната. Иако скоро веќе се согласи да замине во Комо, на крајот се премисли и реши да остане во Барселона.

Оваа вест ја потврди и Фабрицио Романо кој соопшти дека Барселона ги прекина преговорите со Комо и им порача на италијанскиот клуб дека се повлекуваат, бидејќи статусот на Гарсија се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…