Дома Фудбал Бунт во Норвешка: Клубовите сакаат да го укинат ВАР-системот

Бунт во Норвешка: Клубовите сакаат да го укинат ВАР-системот

ВАР-технологијата во Норвешка се користи од 2023 година, а желба на повеќето клубови е да се укине веќе следната сезона. Во Шведска минатата година беше одлучено дека шведските елитни лиги нема да го воведат системот за видео анализа.

Во Норвешка, поголемиот дел од фудбалските клубови се изјаснија против користењето на видео асистентот за судиски одлуки. Во гласањето, во кое учествуваа 32 клуба, 19 од нив одлучија да го укинат, додека 13 беа против укинувањето. Норвешката лига сега бара од Норвешката фудбалска федерација што побрзо да го укине системот за видео анализа.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Норвешките медиуми пишуваат дека норвешката федерација треба во март да донесе одлука дали ќе ги прифати барањата на клубовите.

ВАР во Норвешка се користи од 2023 година, а желба на повеќето клубови е да се укине веќе следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гименез обезбеди три бода за Милан против Верона (Видео)

Eкипата на Милан полека влегува во подобра форма и веќе четврти натпревар е без пораз во и…