Дома Фудбал Англија ФОТО: Писмото на Рашфорд кое го напишал кога имал 11 години

ФОТО: Писмото на Рашфорд кое го напишал кога имал 11 години

rahford

Маркус Рашфорд пред неколку години се појави во првиот тим на Манчестер Јунајтед и воодушеви уште со првите натпревари.

Луис Ван Гал веруваше дека Рашфорд има потенцијал за првиот тим на Јунајтед и не се излажа. Овој млад англиски напаѓач за кратко време стана миленик на навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рашфорд на почетокот годишно заработуваше 21.000 фунти, но набрзо потпиша професионален договор и сега добива околу 25.000 фунти неделно.

Јавноста ја воодушеви кога купи куќа за неговото семејство која ја плати 800.000 фунти. Неговата мајка сега објави фотографија од писмо на Рашфорд кое го напишал кога имал само 11 години.

Имал само една цел – да стане фудбалер…

„Се надевам дека мојата иднина на училиште ќе биде добра, но и надвор од него, посебно во фудбалската кариера. Сакам да имам поинаков стил на живот и моето семејство да биде гордо на мене. Имам една цел во животот, тоа е да станам професионален фудбалер и се надевам дека тоа ќе биде во Манчестер Јунајтед“, напиша Рашфорд кога имал 11 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…