Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ е воодушевен од потенцијалот кој го поседува неговиот соиграч Марсијал.
Во летниот преоден рок Марсијал беше на прагот на заминување од Олд Трафорд. Французинот се поврзуваше со бројни клубови, но за среќа на Манчестер Јунајтед, на крајот остана и со своите игри во последно време покажа дека може да биде еден од најдобрите играчи во ПЛ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На последните три натпревари постигна четири погодоци и директно влијаеше на освојување седум бодови, а рамнодушен не остана ни Немања Матиќ кој за Марсијал има само пофални зборови.
„Одличен е, но потребно му е поголема самодоверба. Таа секако ќе расте ако продолжи да постигнува погодоци, а според мене може да биде и еден од најдобрите играчи во лигата. Брз е, одличен со топка, има се што му е потребно на еден играч во Манчестер Јунајтед.“ – изјави србинот и додаде:
„Да имам способност да трчам брзо со топката како него, не би ја додавал топката на никој и секој натпревар ќе постигнувам гол.“
Да потсетиме, Марсијал е член на Јунајтед од 2015. година кога пристигна од Монако за 60 милиони евра.