Македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра квалификациски натпревар за Светското првенство против Белгија во Гент. Напаѓачот Александар Трајковски пред мечот зборуваше за очекувањата и атмосферата во тимот. Тој изрази увереност дека Белгија ќе влезе со повеќе респект кон македонскиот состав, имајќи ја предвид играта што нашата селекција ја прикажа на првиот меѓусебен дуел. „Мислам дека доволно знаат со каква селекција …