Дома Фудбал Македонија вечерва го игра еден од најважните натпревари: Еве како можеме до првото место во групата!

Македонија вечерва го игра еден од најважните натпревари: Еве како можеме до првото место во групата!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра еден од најважните натпревари во квалификациите – мора да го совлада Казахстан, но ќе мора да ѝ оди во прилог и исходот од мечот меѓу Велс и Белгија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со триумф над Казахстан, избраниците на Благоја Милевски ќе ја задржат лидерската позиција барем до последниот квалификациски прозорец. Сепак, за да ја задржиме првата позиција и да избориме директен пласман на Светското првенство, ќе бидат потребни и други резултати во наша полза.

Клучен ќе биде вечерниот дуел меѓу Велс и Белгија, кој започнува во ист термин – 20:45 часот. Од овој натпревар во голема мера ќе зависи судбината на Македонија во битката за врвот на табелата.

На „црвено-жолтите“ најмногу им одговара победа на Велс, со што последниот натпревар меѓу Македонија и Велшаните би станал директна пресметка за место на Мундијалот.

Доколку дуелот во Кардиф заврши без победник, нашите шанси за првата позиција ќе се сведат на минимум, а доколку Белгија победи – ќе биде јасно дека токму „црвените ѓаволи“ ќе бидат првите кои ќе го осигураат својот билет за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откако ја понижи БиХ следеше целосен пресврт: Американската водителка повторно се јави со порака

Абигејл Велез призна дека отишла предалеку во најавата за натпреварот САД – Босна и …