Дома Фудбал Димитриевски: Бараме поддршка од публиката, одиме на победа!

Димитриевски: Бараме поддршка од публиката, одиме на победа!

Дванасет бодови од шест натпревари е билансот на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото место е императив за нашите репрезентативци, а пред одлучувачкиот меч против Велс, Македонија има „домашна задача“ против Казахстан.

Столе Димитриевски, голманот на репрезентацијата очекува сосема поинаков меч од Гент и сега Македонија да се најде во ситуација да напаѓа и да ги освои трите бода.

„Важен меч ќе биде овој, очекувам да дојде голем број на публика за да ни даде доста голема поддршка и да го добиеме овој натпревар. На секој меч очекувам ние да напаѓаме и да се браниме. Дефинитивно Белгија е поквалитетен противник од Казахстан.

Во Казахстан беше доста интересна затоа што двете селекции напаѓавме, и очекувам да бидеме доминантни во тој натпревар и да извлечеме поволен резултат, а поволен резултат за нас е победа“, рече чуварот на мрежата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …