Дома Фудбал Македонија против Казахстан има перфектна традиција – нека продолжи и вечерва!

Македонија против Казахстан има перфектна традиција – нека продолжи и вечерва!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе го одигра еден од клучните натпревари во квалификациите за Светското првенство — против Казахстан. Победа е императив доколку сакаме да останеме во игра за првото место и директен пласман на Мундијалот.

Нашиот противник не е селекција со која често сме се сретнувале — досега имаме одиграно само два натпревари, и двата во наша корист.

Првиот дуел беше одигран во 2021 година, како дел од подготовките за историскиот настап на Европското првенство. Тогаш убедливо славевме со 4-0, со голови на Алиоски, Тричковски, Милан Ристовски и Чурлинов. Вториот меч се одигра во јуни годинава, во рамките на тековните квалификации, кога со голот на Александар Трајковски триумфиравме со 1-0 на гостински терен.

Иако резултатски беа поразени, Казахстанците оставија солиден впечаток — трипати ја погодија рамката од голот, а нашиот голман Димитриевски блескаше со неколку извонредни интервенции.

Македонија досега има перфектен биланс против Казахстан: две победи, без примен погодок. Останува надежта дека оваа позитивна низа ќе продолжи и по вечерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо отпиша еден од најголемите таленти во светот

Реал Мадрид би можел на самиот крај од летниот трансфер период да остане без еден од своит…