Селекцијата на Данска со високи 5:1 славеше против Ирска и го обезбеди својот пласман на Мундијалот во Русија. Ирска имаше поволни 0:0 пред вечерашниот дуел. Натпреварот одлично започна за Ирците, кои во 6. минута стигнаа до водство преку Дафи. Кристенсен во 29. минута беше прецизен за 1:1, а три минути подоцна Ериксен беше стрелец на фантастичен погодок и пресврт за …