Репрезентацијата на Данска во вчерашниот натпревар беше поразена од Шведска после продолженија, но Данците во овој натпревар постигнаа гол за кој сигурно долго ќе се зборува.
Имено, се играше финишот од натпревар Шведска имаше гол предност и напад, веројатно целиот свет сметаше дека е сè завршено и дека Шведска е победникот кога ја Швеѓаните ја имаа топката и го завршија нападот на само седум секунди пред истекот на времето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Селекторот на Данска немаше право на тајм-аут. Додека голманот на Данска ја земаше топката поминаа две секунди, па на оваа репрезентација и останаа само пет секунди. Тогаш следуваше вистински шок и ерупција во салата. Топката веднаш ја доби Хансен кој фантастично успеа да го пронајде својот соиграч на крилната позиција, а овој да погоди за реми и продолженија.
Сепак, Шведска на крајот по двете продолженија успеа да дојде до победата со резултат 34:35.