Дома Останати Хансен и пресуди на данската федерација: ЕХФ донесе одлука по инцидентот на ЕП во Хрватска

Хансен и пресуди на данската федерација: ЕХФ донесе одлука по инцидентот на ЕП во Хрватска

По инцидентот на ЕП во Хрватска, Дисциплинската комисија на ЕХФ ја казни данската ракометна репрезентација со 4000 евра, бидејќи истиот беше предизвикан од данскиот ракометар, Микел Хансен, пишува eurohandball.com.

Санкциите се издадени поради туркање помеѓу данскиот ракометар и член на организацискиот одбро на ЕХФ на почетокот на второто полувреме во полуфиналниот меч помеѓу Данска и Шведска.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дисциплинската комисија оцени дека однесувањето на Микел Хансен во текот на овој инцидент во кој членот на делегатот бил оттурнат било неспортско.

Исто така ЕХФ го ја предупреди данската федерација на темелните факти дека е одговорна за водењето на своите играчи.

По повторното преиспитување на случајот и релевантната документација која е доставена во првостепената постапка, како и во текот на жалбената постапка, судот на ЕХФ утврди дека одлуката е исправна и пропорционална.

Ако некоја од странките сака да ја оспори одлуката, мора да врачи жалба до Арбитражниот суд на ЕХФ во рок од 21 ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал после две години победи на земја

Рафаел Надал денеска го одигра својот прв натпревар по пауза од 103 дена и запиша лесна по…