Дома Фудбал Останато Можат да и кажат збогум на титулата: Во 96-та минута упропастија се добро што направија во цела сезона! (Видео)

Можат да и кажат збогум на титулата: Во 96-та минута упропастија се добро што направија во цела сезона! (Видео)

Фудбалерите на Брондби во претпоследното коло во данското првенство на шокантен начин изгубија клучни бодови против Хорсенс, во натпревар во кој имаа предност од 2:0 до 89 минута.

Брондби без сомневање го играше најдобриот фудбал оваа сезона во Данска, дочекувајќи конечно една лоша година на градскиот ривал Копенхаген, а кога во aприл во драматичното дерби славеа против Мјидланд со 3:2, а потоа и третопласираниот Нортсјеланд со 4:3 во следното коло изгледаше како сигурно да чекорат кон титулата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Но, тимот во последната недела влезе во сериозна криза и се упропасти. Ремито со Копенхаген беше првиот удар, потоа следуваше пораз од Мјидланд во натпревар кој победата ќе им значеше и математичко обезбедување на титулата.

Брондби и понатаму имаше се во своите раце и во последните две кола го очекуваа натпревари против послаби противници. Кога овој петок поведе со 2:0 против Хорсенс изгледаше дека се на чекор од титулата.

Но, Исланѓанецот Финбогасон прво намали во 89 минута за домаќините, а потоа и изедначи во 96 минута!

„Ова беше тежок удар за нас“ призна тренерот Александар Зорнигер.

Брондби сега заостанува зад Мјидналд два бода пред последното коло во кое мораат да се надеваат дека Хорсенс ќе му земе бодови и на големиот ривал. Тоа сценарио е малку веројатно, многу по реално е дека овој дански клуб ќе остане без титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…