Дома Фудбал Останато Taткото на еден од најбараните млади фудбалери: Барселона веројатно е најдобриот клуб за мојот син

Taткото на еден од најбараните млади фудбалери: Барселона веројатно е најдобриот клуб за мојот син

de jong

Холандскиот весник „Де Телеград“ неодамна објави дека еден од најбараните млади фудбалери во светот, Френк Де Јонг од Ајакс договорил трансфер во Пари Сен Жермен.

Сепак, според она што сега го изјави таткото на фудбалерот Де Јонг се уште не постигнал договор, ниту со ПСЖ, ниту со некој друг клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ќе потсетиме беше објавено дека младиот 21 годишен фудбалер договорил трансфер од Ајакс во ПСЖ за сума од 75 милиони евра, сума која би го направила најскап фудбалер во историјата на Ајакс и најскапиот Холанѓанец.

„Одлуката е негова. Тој е многу паметен и свесен за ситуацијата во која се наоѓа. Ќе одлучи на пролет. Мислам дека следното лето ќе замине од Ајакс. Според мене шансите за такво нешто да се случи се 95%“, изјави таткото на фудбалерот кој потоа беше запрашан за следната дестинацијата.

„Барселона би можела да биде најдобриот клуб за него“, директно одговори и така веројатно испрати порака до каталонскиот гигант кој во медиумите се поврзуваше со Де Јонг.

https://www.youtube.com/watch?v=6Ix0eDZtlXA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…