Дома Фудбал Англија Taжни вести од Манчестер: Почина човекот кој ги лансираше Гигс, Бекам, Сколс, Невил…

Taжни вести од Манчестер: Почина човекот кој ги лансираше Гигс, Бекам, Сколс, Невил…

Тажен ден на „Олд Трафорд“.

Еден од најзаначјните луѓе во историјата на Манчестер Јунајтед и за славната генерација „92“ Ерик Харисон денес почина во 82-та година од животот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Веста утрово беше соопштена од Манчестер каде што Харисон работеше 17 години откако во 1981 година стигна во Јунајтед од Евертон. Во Манчестер остави свој печат со лансирањето на големи асови на фудбалската сцена какви што се Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Гери Невил, Ники Бат и Пол Сколс.

Сите тие дебитираа под водство на Алекс Фергусон меѓутоа ги школуваше Харисон.

„Изгубивме ментор, тренер, човекот кој нас не создаде. Тој нас не научи како да играма, никогаш да не се откажуваме, колку е важно да ја добиеш сопствената борба и што играме за Манчестер Јунајтед. Секогаш нас не гледаше и беше покрај нас, се уште можеме да те слушнеме како ни зборуваш: НЕМА ПОВЕЌЕ ХОЛИВУДСКИ ПАСОВИ! Се уште го гледаме додека играме во Клиф тренинг центарот како нас не гледа или со горда насмевка или пак ја слушаме силната тупаница како удира по прозорот….Уште поважно, не научи нас да разбереме како се тренира и како се почитува, не само на теренот и надвор од него. Нема да ги заборавиме неговите животни лекции. Ерик, те сакаме и се ти должиме на табе“, пишува во соопштението кое го потпишаа Гери, Фил, Рајан, Пол, Ники и Дејвид.

Сер Алекс за него зборуваше:

„Ако ти треба учител вистинскиот човек кој ќе ти го покаже патот е Ерик“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…