Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО 6-ти јули: Марота јавно ги отпиша Икарди и Наинголан, коментарот на Де Лихт привлече внимание

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО 6-ти јули: Марота јавно ги отпиша Икарди и Наинголан, коментарот на Де Лихт привлече внимание

И денес сме тука да ве известувам за се што се случува на трансфер пазарот. Нејмар, Погба, Де Лихт…Следете се што се случува и бидете во тек!

– Утрово „Газета“ објави дека Барселона преговарала со Џанлуиџи Буфон, но дека легендарниот голман немал дилеми кого да избере кога во трката се вклучил Јувентус. (ОВДЕ)


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


– Медиумите во Шпанија пишуваат за голема понуда на Реал Мадрид за Пол Погба. Наводно „кралевите“ се спремни да понудат еден од Иско и Бејл и плус 75 милиони евра. (ОВДЕ)

Даниеле Де Роси се поврзуваше со повеќе клубови, но изгледа на крајот донел одлука да стави крај на кариерата, барем такви се најавите од медиумите на „Чизмата“.

– Реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека Јувентус се вклучува во трката за Ромелу Лукаку. Меѓутоа не се исклучува можноста ова да е само обид за „старата дама“ да го притисне Интер за полесно да дојде до Мауро Икарди. (ОВДЕ)

– „Марка“ пишува дека ПСЖ го понудил Нејмар на Реал Мадрид за само тој да не заврши во Барселона.

– Oткако Лампард беше промовиран за нов тренер на Челзи изгледа дека Калум Хадсон Одои е поблиску до продолжување на договорот.

ДЕ ЛИХТ: Јувентус во трансферот на холандскиот стопер ќе го вклучи Моис Кин, ова би можел да биде и клучниот фактор бидејќи Ајакс покажуваше интерес за неговите услуги. Во Јувентус сакаат се да завршат до среда кога ги започнуваат припремите за новата сезона. (ОВДЕ).

– Милан ја контактирал Бенфика и се распрашувал за Жедсон Ферандеш.

– Интер доведе интересно засилување. „Нероаѕурите“ го ангажираа кондициониот тренер Антонио Пинтус кој ја раскина соработката со „кралевите“. Пинтус се враќа во Италија каде што работеше во Јувентус и Палермо, а во текот на кариерата беше дел од Челзи, Монако, Вест Хем и Марсеј.

– Aгентот на Буфон, Силвано Мартина демантираше дека во договорот на Буфон има било какви клазули. Ќе потсетиме претходно се тврдеше дека легендарниот голман се договорил со Јувентус за клатула според која ќе мора да одигра 10 натпревари во сезона.

– Интересна изјава на Марота. Познатиот директор предлага револуција и порачува дека сите играчи на 25 години треба да вредат нула евра. (ОВДЕ)

– Новиот сопственик на Фиорентина уште еднаш порача дека Федерико Киеза не е на продажба. Комисо порача дека ако некој сепак толку го сака Киеза ќе може да го добие ако плати 100 милиони евра, за пониска сума нема да преговара.

– ОФИЦИЈАЛНО: Атлетико Мадрид го откупи Мората! (ОВДЕ)

– Арсенал изгледа конечно пронајде клуб за Озил. Според информациите Озил е блиску до трансфер во Фенербахче. (ОВДЕ)

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Рајо Ваљекано одбил понуда од Реал Бетис за услугите на Столе Димитриевски.

– ГОТОВО:: Милан го регистрираше Тео Ернандез! (ОВДЕ)

– Германскиот новинар Крисијан Фалк кој важи за добро известен со случувањата во Баерн Минхен објави дека Лукас Васкез е интересна опција за Нико Ковач.

– „Мундо Депортиво“ најавува дека Барселона на 12-ти јули ќе го претстави Гризман.

– Официјално: Рубен Лофтус Чик потпиша нов договор со Челзи со важност до 2024 година.

– Радиото во Неапол „Кис Кис“ пренесува дека Мауро Икарди сепак може да го избере Наполи пред Јувентус.

– Марота потврди: Наинголан и Икарди не се во плановите на Интер! (ОВДЕ)

– Oдново Барселона се поврзува со Де Лихт и за се е виновен коментарот кој го остави младиот стопер на вчерашната објава за промоцијата на Де Јонг.

Лампард ќе има на располагање тим вреден 500 милиони евра! (ОВДЕ)

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан испратил понуда вредна 15 милиони евра за Ловрен, но истата била одбиена во Ливерпул сакаат 25 милиони евра.

– Интер по барање на Антонио Конте се обидел да го убеди Дани Алвес да им се приклучи како слободен играч, меѓутоа желбата на Бразилецот е да се врати во Барселона.

– Германците најавуваат дека после доаѓањето на: Јулијан Брандт, Торган Азар, Ник Шулц и Матс Хумелс Борусија Дортмунд на трансфер листата ги ставила: Дијало, Загаду, Топрак, Белерди, Кагава, Роде и Шурле.

Официјално: Тео Ернандез е нов фудбалер на Милан!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миралем Пјаниќ има нов клуб

Поранешниот босански репрезентативец и фудбалер на некои од најголемите европски клуови, М…