Дома Трансфер зона Марота до Икарди и Наинголан: Одлични играчи сте, но не сте во нашите планови

Марота до Икарди и Наинголан: Одлични играчи сте, но не сте во нашите планови

Maуро Икарди и Наинголан се играчи кои веројатно поголем дел од клубовите би сакале да ги видат во своите редови, но во Интер не сметаат нив.

Имено, директорот на Интер, Бепе Марота денес потврди дека Икарди и Наинголан не се во плановите на клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Марота изјави дека Конте сака да гради екипа и дека Наинголан и Икарди не се профил на играчи какви што му одговараат. За Икарди се претпоставуваше, но навивачите се изненадени и што Наинголан е отпишан.

„Кога градите некој проект тогаш потребни ви се одредени профили на луѓе. Имавме прилика да зборуваме со нив и со почит им го објаснивме статусот во тимот. Двајцата играчи занаат дека не се во плановите за клубот наредната сезона“.

„Тоа не значи дека тие не се добри играчи, сите знаеме за какви имиња се работи. Талентот може да носи победи во натпреварите, но тимот носи титули. Нас главна цел ни е да направиме тим и добра атмосфера и тие не се во нашите планови“, изјави Марота.

Икарди најмногу се поврзува со Јувентус и Наполи, додека за Наинголан засега не е познато каде би можел да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…