Дома Топ вести Операција „Де Лихт“: Јувентус сака се да заврши до среда, ќе вклучи и играч за да го убеди Ајакс!

Операција „Де Лихт“: Јувентус сака се да заврши до среда, ќе вклучи и играч за да го убеди Ајакс!

Во Торино го очекуваат Холанѓанецот да се појави на медициски прегледи во среда.

Ако им веруваме на медиумите Јувентус е извесен победник во маратонската трка за потписот на капитенот на Ајакс. И покрај тоа што првата понуда од страна на Ајакс беше одбиена, Јувентус се уште е фаворит. Тие 55 милиони евра плус 10 како бонуси не ја задоволија управата на холандскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Торински „Тутоспорт“ денес пренесува дека Јувентус во целата операција сака да го вклучи Моис Кин. Оваа вест во Италија се пренесува како поголемо изненадување, но можеби и не е толку неочекувано после доаѓањето на Маурицио Сари кој не сака да се откаже од Паоло Дибала од кого сака да го извлече максимумот. Не треба да се заборави и дека Ајакс покажуваше интерес и го следеше Кин подолго време.

Во Торино очекуваат Кин да биде клучниот фактор за да се убеди Ајакс. Во Јувентус според информации сакаат работата да ја завршат до среда и тогаш Де Лихт да се појави на медицински прегледи (кога клубот ги започнува припремите).

Раиола исто така треба да биде важен во оваа зделка. Контроверзниот агент ги застапува Кин и Де Лихт. Не се исклучува и можноста трансферот на Кин да биде одвоен од оној на Де Лихт, тоа значи дека „бјанконерите“ ќе треба да ги исполнат финансиските барања на Ајакс.

Кога е Кин во прашање Јувентус бара клазула според која ќе има предност во однос на другите клубови ако се одлучи да го врати Кин за одреден период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…