Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тешко дека ќе добие подобра понуда за Погба од оваа на Реал

Манчестер Јунајтед тешко дека ќе добие подобра понуда за Погба од оваа на Реал

Реал Мадрид не сака да застане со доведувањето на засилувања иако во досегашниот дел од преодниот рок доведоа пет нови играчи.

Секако најзвучно име е Еден Азар кој пристигна од Челзи, но „кралевите“ се уште имаат што да кажат кога е летниот преоден рок во прашање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главна мета сега на Реал Мадрид е одличниот играч за врска на Манчестер Јунајтед Пол Погба за кого во Мадрид спремаат голема понуда.

Јасно е дека на Јунајтед не му одговараат само пари и спремни во спротивен правец да испратат една ѕвезда. Како што пишува „Марка“ „црвените ѓаволи’ би можеле да изберат еден од Иско и Герет Бејл.

Покрај еден од споменатите двајца играчи, Реал Мадрид ќе понуди и 75 милиони евра. Дека Погба сака да замине од Манчестер Јунајтед вчера потврди и неговиот агент Мино Раиола.

„Сите знаат дека Погба сака да направи нов чекор. Работиме на тој процес. Клубот е свесен што Погба чуствува и што сака. Мислам дека јасно е дека Погба има план да замине од Манчестер, тој не сака да игра повеќе за овој клуб. Ова веќе не е тајна“, изјави Раиола

Ако овие информации се точни, Манчестер Јунајтед тешко дека може да добие подобра понуда за Погба од оваа на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…