Дома Останати Кошарка НБА Tренерот на Далас го критикуваше Дончиќ: Со судии се разговара кога играта е прекината

Tренерот на Далас го критикуваше Дончиќ: Со судии се разговара кога играта е прекината

Tимот на Далас запиша убедлив пораз од Њу Орлеанс 107:91. Пеликаси се еден од најслабите тимови на Западот и затоа овој резултат е изненадување.

Голем дел од кошаркарите на Далас имаа лоша вечер, а Дончиќ го заврши натпреварот со 21 поен, 10 скока и 7 асистенции. Сепак, Словенецот имаше слаба шутерска вечер со 7/20, ги промаши сите шест обиди за три поени, а изгуби и седум топки.

На сето тоа во текот на целиот натпревар имаше приговор за судиите, па поради тоа доби и критики од тренерот на Далас.

„Сакам повеќе да играме пет на пет. Судиите не ја прекинуваат играта за да ја сменат одлуката. Затоа треба да бидете свесни дека има период од натпреварот кога играта е запрена и тогаш можете да разговарате со судиите. Додека се игра, транзицијата е една од работите што можеме да ја поправиме. Ако се жалиме на судиите додека играта е во тек тоа ќе ни донесе само штета“, изјави Кид.

Дончиќ ја прифати критиката.

„Во право е тренерот, морам да престанам со таквата навика“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лас Вегас може да биде нов тим во НБА и тоа со Леброн како сопственик!

Подолго време се најавува проширување на НБА лигата со нови два тима и тоа Лас Вегас и Сие…