Дома Фудбал Струга доведе фудбалер кој во Франција бил дел од гигант!

Струга доведе фудбалер кој во Франција бил дел од гигант!

Струга Трим Лум продолжува да го засилува и денеска го официјализираше трансферот на 19-годишниот Анди Демири, централен дефанзивец кој своите фудбалски почетоци ги направи во Франција.

Демири, кој потекнува од Теарце, првите чекори ги направи во младинскиот состав на Вашкел, а во 2024 година направи трансфер во францускиот гигант Лил. Добрите настапи во младинскиот фудбал му донесоа и повик во репрезентацијата на Косово до 19 години.

Младиот стопер во еден период беше повикан и на тренинзите на сениорската репрезентација на Косово, која тогаш ја предводеше Франко Фода.

Струга Трим Лум успеа да го убеди Демири да се врати во македонскиот фудбал, а двете страни договорија соработка во следните две години. Со височина од 192 сантиметри, дефанзивецот носи физичка моќ во последната линија и од него се очекува да биде значајно засилување, но и инвестиција за иднината на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Штип пристигна напаѓач од Канада

Екипата на Брегталница се засили со Натаниел Лоренцо од Канада кој пристигнува да ги засил…